Меси и не е големо разочарување, на ПСЖ му донел 700 милиони евра

1275

Минатото лето број еден вест беше трансферот на Лионел Меси од Барселона во ПСЖ. Изненадувањето за кратко време се претвори во разочарување, бидејќи Аргентинецот имаше лоша сезона.

На теренот запиша 11 голови и 15 асистенции, а ПСЖ и покрај звучните имиња не успеа да дојде до титулата во Лигата на шампиони. Навивачите беа бесни поради сето ова па не го поштедија ниту Меси, го исвиркуваа на теренот.

Сепак, Меси не е баш најголемо разочарување кога станува збор за приходите во редовите на францускиот првак. За помалку од година дена во ПСЖ донесе рекордни 700 милиони евра. Со самиот потпис Меси донел десет нови спонзорски договори.

Дресовите се една од областите кои најдобро отсликуваат колку ПСЖ порасна со доаѓањето на Меси. Сезоната пред неговото доаѓање, ПСЖ продаде дресови вредни 41 милион евра. Таа сума беше достигната уште на средината на минатата сезона, прва за Меси во клубот. До крајот на неодамна завршената сезона, ПСЖ за прв пат продаде повеќе од милион дресови.

60 отсто од нив беа со бројот 30 и името на Меси на грбот. Сите други играчи на ПСЖ, вклучувајќи ги и Мбапе и Нејмар, затоа не можат ни да му се доближат. Фасцинантен официјален податок е дека во првите три часа откако потпиша за ПСЖ, дресовите на Меси беа продадени за 933 илјади евра.

За ПСЖ, доаѓањето на Меси го направи стадионот премногу тесен.

„Веќе воопшто нема билети за нашите домашни натпревари. Станавме рекордери меѓу европските клубови по приходи на стадионот на денот на натпреварот. На листите на чекање за редовни и ВИП билети има осум пати повеќе луѓе. отколку капацитетот на Паркот на принцовите“, вели директорот на ПСЖ.

Меси покрај ова го зголеми и бројот на следбеници на социјалните мрежи, од каде клубот исто така заработува одредена сума на пари.

На крајот Аргентинецот и не е толку големо разочарување во ПСЖ.

ПретходноАбердин за Миовски искеширал 536.000 фунти!
СледноСениорките поразени од Тунис, денеска контрола со Алжир