Денеска попладне на теренот на ФФМ во Скопје, во пријателски натпревар женската А-селекција на Македонија со 3:1 убедливо ја победи најдобрата женска репрезентација на Косово.
Во интересен и динамичен натпревар, гостинките од Косово во 9.минута поведоа со 0:1.Сепак многу бргу, во 19.и 26.минута со головите на Ленче Андреевска и Хана Мустафи, Македонија успеа да направи пресврт и да дојде до водство со 2:1.
Водство кое во 62.минута беше зголемено на 3:1.
Инаку ова беше првиот од двата пријателски меча меѓу двете селекции, втората средба ќе се одигра на стадионот “Фадиљ Вокри“ во Приштина.