Документарецот за Погба – чиста „единица“

250

Излезе документарот на Пол Погба под наслов „The Pogmentary“ кој не е за препорака. Истиот доживеа вистински крах, а голем број на луѓе ја погледната приказната за францускиот репрезентативец и сега веќе поранешен играч на Манчестер Јунајтед и не се воодушевени.
Од 6880 луѓе (до синоќа) на популарниот сајт за филмови IMDB дури 6521 гласале за „единица“, односно, ја дале најлошата оценка за мини-серијалот. Тоа е 94,7%. Вкупно, во просек е чиста „единица“ односно 1,0 од 10.

Со оглед на тоа дека најлошиот серијал на IMDB има оценка од 1,3 се чини многу е блиску првото место да го преземе „The Pogmenary“.


Серијалот има пет епизоди и го опишува животот на Погба во Јунајтед и причините за заминувањето од клубот.
Во една сцена, Погба е прикажан како ја отфрла понудата од Манчестер Јунајтед во која му нудат неделна плата од 350.000 евра со зборовите дека тоа не е „ништо“.
Во една сцена, агентот на Погба, сега покојниот Мино Рајола вели дека не би го пуштил ни неговото куче да шета по тревата на тренинг центарот за парите кои Јунајтед му ги понудил на Погба да го продолжи договорот во 2012 година. Тогаш Јунајтед се откажа од Погба, а фудбалерот премина во Јувентус.
Фановите во коментар го опишаа Погба како „самобендисан“, „лигаво дете“, „лудак“…

ПретходноБизарна повреда на бразилски репрезентативец: Летал хартиен змеј, па сега мора на операција
СледноНов мега трансфер: Филипс во Сити за 42 милиони фунти