И официјално Иво Јанакиевски и Филип Бошковски се нови имиња во таборот на Работнички. Претходно голманот Игор Алексовски од Ренова направи трансфер во Работнички.
И Јанакиевски, кој дојде од Скопје и Бошковски од Пелистер, беа денеска на собирот на Работнички со што новиот стратег Љупчо Марковски Калц, означи старт на летните подготовки за новата 2022/23 сезона во мак – фудбалот.