Чеферин ги нападна Клоп и Пеп: Што да кажат работниците во фабриките?

479

Честопати го слушаме мислењето на многу фудбалски стручњаци и аналитичари дека календарот на натпреварувањата е пренатрупан, барем кога се во прашање најдобрите клубови во светот.

Најгласни во критиките кон УЕФА и огромниот број на натпревари во сезоната се менаџерите на двата најдобри англиски клуба Манчестер Сити и Ливерпул, Пеп Гвардиола и Јирген Клоп. Двата тима минатата сезона одиграа преку 60 натпревари, а тука се и репрезентативни акции на нивните играчи.

На оваа тема зборуваше и претседателот на УЕФА Александар Чеферин кој покажа дека воопшто не му е грижа што се жалат Клоп и Гвардиола. Словенецот смета дека приходите на луѓето во фудбалот драстично би биле намалени доколку се намали бројот на одиграни натпревари.

А потоа ги спореди фудбалерите со работниците во фабриките.

„Клубовите побараа 10 натпревари во групната фаза на Лигата на шампионите, но ќе има осум од нив во новиот формат почнувајќи од сезоната 2024/25. Тоа е вистинската бројка. Покорисно би било 18 клубови да играат, но претседателите не се согласуваат, треба да сфатат дека два национални купа се премногу. Секогаш е лесно да се напаѓаат ФИФА и УЕФА, но работата е едноставна – ако играте помалку, имате и помали плати. Оние кои треба да се жалат се работниците во фабриките, работат за 1000 евра месечно“, рече Чеферин.

ПретходноНАЈНОВИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ДОАЃА ОД ШВАЈЦАРИЈА И ОСВОИ ПРЕКУ 11 МИЛИОНИ ДЕНАРИ
СледноПромоција: Работнички ги претстави Јанакиевски и Бошковски! (ФОТО)