Американецот Фред Керли истрча 9,76 секунди на 100 метри и го постави шестото најбрзо време на сите времиња.
Во Јуџин деновиве се одржува националниот шампионат на САД, кое е и квалификациско натпреварување за Светското првенство кое следниот месец ќе се одржи на истото место. Вниманието на сите љубители на атлетиката го привлече 27-годишниот спринте, кој имаше неверојатна трка во полуфиналето на „стотка“.
Само светскиот рекордер и апсолутен крал на спринтот, Усеин Болт, побрзо ја истрча делницата од 100 метри, поставувајќи време од 9,58 секунди на Светското првенство во Берлин.
Вториот најдобар резултат досега 9,69 е во сопственост на Американецот Тајсон Геј.
The fastest man in the world, Fred Kerley, just ran 9.76 in the mens 100m. That is a world leading time and the 5th fastest time in American history. 🔥🔥 pic.twitter.com/dZBXP4cx3l
— Emmanuel Acho (@EmmanuelAcho) June 25, 2022