Војдан Стојановски заедно со уште неколку кошаркари се еден од најискусните во редовите на нашиот национален тим и на последните два квалификациски дуели против Шпанија и Украина за место на Светското првенство 2023. Капитенот посакува една победа за крај, шансата ја гледа против Украина дома.
Потенцира дека атмосферата секогаш е на високо ниво, а желбата да се даде максимумот никогаш не е спорна.
„Малку сме од искусните што останавме, имаме повеќе млади. Атмосфера секогаш имало и ќе има во репрезентацијата, а за натпреварите, Шпанија е со истиот состав кој играше во Македонија. Дали е Б или А тим, Шпанија е Шпанија, ние ќе дадеме се од себе, најважно ќе биде да се одигра достојно и против селекција од Евролигата и Еврокупот. Дома, пак, со Украина, сакаме да одиме на победа и да ги завршиме квалификациите барем со една победа. Во овој циклус научивме дека нема слаби репрезентации. Штета што цело време не сме комплетни, поради повреди и отсуство на играчи. Последен пат бевме комплетни на ЕП 2015 во Загреб“, изјави Војдан.
Македонија во среда патува во среда за Шпанија, на први игра против светскиот првак во Сарагоса, три дена подоцна ја пречекува Украина.