Гостивар го реновира теренот

1259

Веќе е јасно дека тимот на Гостивар следната сезона ќе има и тоа како сериозни амбиции за да биде прв во ВМФЛ конкуренцијата и автоматски да се пресели во прва лига. За тоа ќе има голема конкуренција, во Вардар, Пелистер, Борец, но во Гостивар покрај тоа што прават супер тим со многу засилувања летово, прават и голема инвестиција кога станува збор за инфраструктурата.

Потполно се реновира теренот на Гратскиот стадион во Гостивар, а покрај тоа се прават и сериозни подобрувања на постоечките соблекувални како и поттрибинскиот простор.

 

ПретходноЃоре Јовановски е нов тренер на Кожуф
СледноВалверде се враќа на клупата на Атлетик Билбао