Загубија од Шпанија со 19:2, закачија Ковид, па си заминаа од СП

458

Ватерполо репрезентацијата на Канада се повлече од Светското првенство во Унгарија поради проблеми со коронавирусот.

Канаѓаните имаат пет заразени играчи, а решија да се повлечат поради „здравјето и безбедноста на учесниците“.

„По внимателно разгледување, следејќи го советот на лекарот и разговарајќи со играчите, донесовме тешка одлука да се повлечеме од Светското првенство во Будимпешта. Донесовме одлука да го заштитиме здравјето и безбедноста на сите учесници, што отсекогаш било приоритет. Сега ќе се фокусираме на закрепнувањето и ќе се фокусираме на подготовките за претстојните натпревари“, се вели во соопштението на ватерполо сојузот на Канада.

Канаѓаните се натпреваруваа во групата Ц во Сопрон, а на единствениот меч досега беа поразени од Шпанија со 19:2.

ПретходноЦЕВ закажа ждрепка: Струмица единствен македонски претставник во евро-куповите
СледноГН на Холандија: Бањаиа по четвртипат тргнува од пол-позицијата