Каква “БОМБА“: Роналдо и Челзи во преговори!!!

636

Откако и дефинитивно е јасно дека Кристијано Роналдо нема да прави трансфер во Баерн Минхен, попладнево медиумите на Островот лансираа нова “бомба“. Имено Португалецот, односно неговиот менаџер Жорж Мендеш и новиот газда на Челзи, Тод Боли имале разговори околу евентуалниот трансфер на напаѓачот на Јунајтед на „Стамфорд Бриџ“.

Познато е дека новиот стратег на Јунајтед, Ерик Тен Хаг и не го сака премногу Португалецот па затоа тој по секоја цена сака да си оди.

Се споменуваа Реал Мадрид, ПСЖ, Рома, Баерн Минхен како негови следни дестинации, еве од попладнево и Челзи е во “игра“.

Сините“ со заминувањето на Лукаку имаат пари, ќе играат во Лигата на Шампионите, за разлика од Манчестер Јунајтед и што е најважно, Томас Тухел би сакал да го има во нападот еден Роналдо.

ПретходноДвајца шпански репрезентативци го тужеле Вардар 1961?
СледноНАЈНОВИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ДОАЃА ОД ШВАЈЦАРИЈА И ОСВОИ ПРЕКУ 11 МИЛИОНИ ДЕНАРИ