Калц ги ПОСТРОИ „романтичарите“…засега нови имиња се Алексовски, Јанакиевски, Бошковски (ФОТО)

1498

Од денеска и официјално Работнички е во “погон“ и тоа со нов тренер и со три нови имиња.

Како што и беше најавено, новиот стратег Љупчо Марковски Калц, досегашниот стратег на Скопје, една од вардаровите легенди, прво им одржа прозивка на „романтичарите“, па потоа се запозна со нив и почна првиот тренинг на еден од терените на спортскиот комплекс на Работнички во Градски парк.

Да кажеме дека засега нови имиња се голманот Игор Алексовски кој дојде од Ренова, потоа Иво Јанакиевски од Скопје и Филип Бошковски од Пелистер.

Секако дека најголемо засилување е враќањето на Арменд Алими.

Првата фаза ќе се одработи во Скопје, а првата контрола е закажана за 9 јули и тоа со против Брегалница.

No description available.

No description available.

ПретходноСупер вест за Работнички: Алими почна со тренинзи! (ФОТО)
СледноГерет Бејл ја напушта Европа, има договор со тимот од МЛС!