Ливерпул работи на трансфер на Адриен Рабио

220

Ливерпул е во потрага на ново име вос редниот ред како евентуална алтернатива за Тиаго Алкантара, откако Шпанецот ја помина минатата сезона со многу повреди.

Според „Ливерпул Ехо“, „црвените“ се поврзуваат со трансфер на францускиот репрезентативец Адриен Рабио од екипата на Јувентус. Играчот од средниот ред на „Старата Дама“ има уште 12 месеци од неговиот актуелен договор би сакал да замине во клуб кој ќе игра во Лигата на шампионите. За Ливерпул тоа е одлична шанса да го убеди да се пресели на „Енфилд“, а и сумата на трансферот е пристојна – околу 15 милиони фунти.

ПретходноАмериканец истрча „стотка“ за 9,76 секунди за историски шести резултат на сите времиња (ВИДЕО)
СледноСерафимов нов член на МОЛ Фехервар, унгарскиот тим го сака и Дарко Велковски!