МИ 2022: Одбојкарките утре против Египет прават кам-бек на меѓународната сцена

140

Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија утре ќе го има историското враќање на меѓународната сцена. По пауза од повеќе од една деценија, нашите сениорки утре во 13 часот по македонско време ќе го одиграат првиот меч на Медитеранските Игри во Оран.

Противник на избраничките на селекторот Пауновиќ ќе бидат одбојкарките на Египет. Пауновиќ одбра 12 сениорки за овој репрезентативен натпревар во обид полека да се врати сениорскиот женски тим на меѓународната сцена и за следни натпреварувања.

Македонија на Медитеранските Игри во Оран е во група со Египет, Тунис и Грција и секој одигран сет ќе биде добредојден по долгогодишната пауза од настапи на меѓународната сцена.

Претходно„Шумарите“ доведоа рекордно засилување од Германија
СледноАмериканец истрча „стотка“ за 9,76 секунди за историски шести резултат на сите времиња (ВИДЕО)