Македонската кошаркарска репрезентација го одбработи првиот тренинг во рамките на мини-подготовките за дуелите против Шпанија (01.07) на гостински терен и Украина (04.07) во Скопје, последни во првата фаза од квалификациите за пласман на Светското првенство 2023 година.
Предводникот на националниот тим, Драган Бајиќ одбра 14 кошаркари, и овој пат на располагање го нема најсилниот состав, па токму затоа одлучи да им даде шанса на помладите играчи, кои допрва треба да бидат лидери.
Искуството за нив ќе биде и тоа како добредојдено, имаат шанса да учат од кошаркари кои веќе долго време, во сите бури го носат „црвено-жолтиот“ дрес.
Токму имињата како Војдан Стојановски, Стојан Ѓуроски, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ…имаат за задача да ја турнат иднината напред, да го остават светиот дрес во сигурни раце.