Шампионот на Англија Манчестер Сити е пред реализација на уште еден мега трансфер со што ќе го засили средниот ред. Станува збор за 26-годишниот репрезентативец на Англија Калвин Филипс кој доаѓа на „Етихад“ од Лидс Јунајтед.
Сумата која Сити ја договорил со Лидс, според неколку извори од Англија, изнесува 42 милиони фунти која со бонуси може да достигне и до 50 милиони фунти.
Наводно Филипс имал неколку понуди, а ја избрал на Сити за да работи со Пеп Гвардиола. Се очекува трансферот да биде реализиран кон средината на идната недела.
Со тоа Филипс ќе го замени Фернандињо кој ги напушти шампионите ова лето.
Претходно Сити го донесе Хулијан Алварез кој беше договорен во јануари, а игра како позајмен во Ривер Плата. Тој е замената за Габриел Жесус кој најверојатно ќе премине во Арсенал. Потоа се пофали со новата „деветка“ Ерлинг Халанд, а следна цел ќе биде засилување на левата бековска позиција, а пикот е Марк Кукуреља од Брајтон.
.🚨 Man City have agreed a deal with Leeds for Kalvin Phillips 🔵✍️
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) June 24, 2022