Фисник Зука и официјално е нов фудбалер на Македонија ЃП. Иако ифанзивниот бек веќе неколку денови тренира со „лавовите“ сепак тие попладнево одлучија да го претстават.
Зука има 26 години, игра на левата бековска позиција, доаѓа од Ренова а досега играл и за екипите на Шкупи, Фљмуртари, Работнички и како што рековме Ренова.