Не Кристијано Роналдо, туку Бразилецот Соареш до Сантос Роналдо, напаѓачот на Левски Софија и даде гол на Академија Пандев во пријателски мел одигран попладнево во Софија на кој победија домаќините со 3:1.
Првиот гол беше дело на Роналдо во 6.минута, потоа следуваа два гола на Бари во 34. и 70.минута, за да 3:1 намали Сашко Пандев.
Инаку Академија Пандев овој меч го започна во следниот состав: Јовановски, Јоковиќ, Димов, Манев, Шаркоски, Георгиевски, Маронг, Димоски, Митровски, Велиновски, Георгиевски.