Бразилскиот напаѓач Габриел Жесус наверојатно ќе го напушти Манчестер Сити и ќе ги засили редовите на Арсенал. Според новинарот Фабрицио Романо кој е експерт за трансфери на фудбалери, Арсенал и Сити постигнале усмен договор за трансфер. „Топчиите“ ќе треба да платат 45 милиони фунти, сума која ќе биде поголема кога ќе се вклучат и исплаќањата на бонуси.
Сепак, двете страни треба да седнат и да ги дефинираат условите на хартија, а притоа Арсенал да ги договори личните услови со фудбалерот.
Жесус постигна 8 голови во 28 премиерлигашки натпревари минатата сезона.