Скандалозно: Претседателот на домашниот клуб го нокаутираше судијата! (ВИДЕО)

958

И тоа го има во фудбалот, посебно во Африка, и тоа во Нигерија. Имено на мечот меѓу Пиларс и Декада, се играше 90+2.минута резултатот бил 1:0 за домашните. Сепак гостите дале гол за 1:1 и тоа предизвикало реакција кај претседателот на Пиларс, Сурајо Јахаја Џамбул. Тој се симнал долу на теренот и просто го нокаутирал помошниот судија и побарал од главниот да го поништи голот, во спротивно, како што им кажал дека живи нема да излезат од стадионот.

По кратко убедување, секако, голот е поништен и натпреварот завршил со резултат 1:0 за домашните и нивна победа.

Сепак за се ова секако дека свое видување ќе даде и Фудбалската федерација на Нигерија, која за почеток го суспендирала првиот човек на Пиларс, Сурајо Јахаја Џамбул.

 

ПретходноПромоција: Работнички ги претстави Јанакиевски и Бошковски! (ФОТО)
СледноНовак: Забрането ми е да играм на УС Опен, затоа на Вимблдон имам мотивација плус!