Супер вест за сите во Работнички. Имено Арменд Алими од денеска, од првиот ден на подготовките на “романтичарите“ почна со работа. Познато е дека еден од најдобрите играчи во ПМФЛ во јануари дојде во Градски парк од Шкендија, но пред стартот на пролетниот дел се повреди, па така нема ниту една средба официјална во Работнички. Следуваше операција на тетивата и долга пауза.
Се разбира дека со неговото дефинитивно враќање на официјалните натпревари ќе се почека, но факт е дека тој ќе биде најголемото засилување за Работнички во текот на претстојната сезона.