„Шумарите“ доведоа рекордно засилување од Германија

304

Повратникот во англиската елита, Нотингем Форест денеска потврди големо засилување во пресрет на почетокот на новата сезона во Премиер лигата. Популарните „шумари“ потпишаа петгодишен договор со нигерискиот напаѓач Таиво Авонији, кој доаѓа од Унион Берлин.

Поранешниот европски шампион по 23 години се врати во Премиер лигата, а британските медиуми пишуваат дека Форест на Унион му платил рекордна сума од 20,5 милиони евра за 24-годишниот нигериски репрезентативец.

Авонији е првото засилување на Нотингем Форест откако го победи место вое литата. Нигериецот беше клучен играч на Унион Берлин минатата сезона со 20 гола на 43 натпревари во сите натпреварувања.

ПретходноШтипјани ги почнаа подготовките, првиот тест на 3 јули
СледноМИ 2022: Одбојкарките утре против Египет прават кам-бек на меѓународната сцена