Валверде се враќа на клупата на Атлетик Билбао

103

Ернесто Валверде ќе одработи уште еден мандат на клупата на Атлетик Билбао. Откако на два пати го водеше овој клуб, еднаш во периодот од 2003 до 2005, а потоа и од 2013 до 2017 година искусниот стратег по трет пат седнува на кормилото на овој легендарен шпански тим.

Откако Јон Иуарте победи на претседателските избори во клубот, беше јасно дека Валверде се враќа на тренерското место, затоа што тој беше и неговиот главен адут во кампањата.

Валверде последен пат беше дел од тимот на Барселона каде што доби отказ на стартот на 2020 година.

 

ПретходноГостивар го реновира теренот
СледноМакедонија остана во третата Дејвис куп група