ГН на Холандија: Бањаиа по четвртипат тргнува од пол-позицијата

48

Италијанскиот мотоциклист Франческо Бањаиа (Дукати Леново Тим) успеа да ја освои својата 4-та пол-позиција во сезоната, откако денеска беше најбрз на квалификациите пред трката за ГН на Холандија.

На патеката ТТ Асен, утре ќе се вози единаесетата трка сезонава од светскиот шампионат во Мото ГП.

Италијанскиот возач успеа да се пробие пред Фабио Квартараро и Хорхе Мартин кои ќе го следат на стартот од првиот ред.

Вториот ќе го сочинуваат Марко Безеки и Алеиш Еспаргаро заедно со Џек Милер (6.) и Жоан Зарко кој ќе стартува на седмото место.

ПретходноЗагубија од Шпанија со 19:2, закачија Ковид, па си заминаа од СП
СледноЧеферин: Со Ањели не зборувам, на Перез само му честитав за ЛШ – Суперлигата е мртва!