Како што веќе информиравме, попладнево Работнички го стартуваше подготовките за наредната сезона. Секако, со новиот стратег Љупчо Марковски, како и со три нови имиња.
На стартот на подготовките беше и Елиф Елмас, нашиот Дијамант и фудбалер на Наполи.
Тој многу добро знае каде себе си се промовираше, од каде потекна и затоа одморот го искористи да види што се случува со “неговиот“ Работнички.