Комбинираниот состав на Шкупи поразен од Херманштад!

602

Попладне во пријателски меч, екипата на Шкупи во пријателски меч во Болу (Турција) загуби од романскиот тим Херманштад со 0:2. И двата гола паднаа во првиот дел а стрелци беа Параскив во 25. и 43.минута.

Сепак треба да се каже дека четата на стратегот Гоце Седлоски овој меч го одигра во комбиниран состав.

Мечот го започнаа Илјази, Маргвелашвили, Бајрами, Тимовски, Спиркоски, Басит, Златков, Ацковски, Каланоски, Трапановски и Омерагиќ.

За дел од нив ова беше прв меч во дресот на нашиот шампион со оглед на тоа дека се работи за нови членови на чаирчани.

ПретходноГерет Бејл ја напушта Европа, има договор со тимот од МЛС!
СледноРоналдо и даде гол на А. Пандев…убедлив пораз од Левски во Софија!