Младите на „крилата“ на поискусните „летаат“ посигурно (ФОТОГАЛЕРИЈА)

353

Македонската кошаркарска репрезентација го одбработи првиот тренинг во рамките на мини-подготовките за дуелите против Шпанија (01.07) на гостински терен и Украина (04.07) во Скопје, последни во првата фаза од квалификациите за пласман на Светското првенство 2023 година.

Предводникот на националниот тим, Драган Бајиќ одбра 14 кошаркари, и овој пат на располагање го нема најсилниот состав, па токму затоа одлучи да им даде шанса на помладите играчи, кои допрва треба да бидат лидери.

Искуството за нив ќе биде и тоа како добредојдено, имаат шанса да учат од кошаркари кои веќе долго време, во сите бури го носат „црвено-жолтиот“ дрес.

Токму имињата како Војдан Стојановски, Стојан Ѓуроски, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ…имаат за задача да ја турнат иднината напред, да го остават светиот дрес во сигурни раце.

ПретходноМакедонија остана во третата Дејвис куп група
СледноМакедонија од вториот шешир ја чека ждрепката за СП 2023 година