Холандскиот голман Мартен Стекеленбург го продолжи договорот со Ајакс на уште една сезона. И покрај тоа што во септември ќе наполни 40 години и тоа што многумина мислеа дека по истекот на договорот ќе стави крај на кариерата, сепак, поранешниот холандски репрезентативец одлучи да остане на голот на холандскиот шампион и наредната сезона.
„Среќен сум што продолжувам да играм уште една сезона. И очекувам да играм. Штом почнав да тренирам, очекувам да играм. Тоа е мојата цел во новата сезона. Јас сакав да продолжам, а за среќа Ајакс го сакаше тоа, па бргу се договоривме“, изјави искусниот голман.
Стекеленбург во ноември минатата година имаше проблеми со колкот, но во финишот на сезоната се врати на голот на Ајакс.