Чеферин: Со Ањели не зборувам, на Перез само му честитав за ЛШ – Суперлигата е мртва!

231

Во интервју за италијанскиот весник „Газета дело Спорт“, првиот човек на европскиот фудбал, Александар Чеферин зборуваше за проектот наречен „Суперлига“ и за неговиот однос со најголемите заговарачи на идејата која наиде на голема осуда во светската фудбалска јавност.

„Досега не сум имал разговор со Ањели. Го запознав Перез на финалето од Лигата на шампионите, се поздравив како што наложува протоколот. Во финалето во Париз бевме блиску, му честитав и тоа беше се. Не можам да очекувам УЕФА да биде моја сопственост. Без оглед на одлуката на Судот на ЕУ, ништо не се менува: проектот е мртов затоа што никој не сака да учествува во него“, вели Словенецот.

Италијанците добија сериозен удар од УЕФА и кога се во прашање нивните стадиони кои не се во добра кондиција. Италија сака да биде домаќин на некој голем европски настан како ЕП 2032, но стадионите веројатно се голема пречка за тоа.

„Италија нема стадион кој може да биде домаќин на финале во Лигата на шампионите. Стадионот на Јувентус и стадионот во Удине се во ред за финале во Лигата на Европа. Се останато е лошо. Рим и Милано немаат најсовремен стадион, а не е добар и оној во Неапол. Турција е силен кандидат за организација на ЕП 2032. Многу разговарав со Габриеле Гравина и му кажав дека инфраструктурата не е добра“.

ПретходноГН на Холандија: Бањаиа по четвртипат тргнува од пол-позицијата
СледноШтипјани ги почнаа подготовките, првиот тест на 3 јули