Додека и натаму се сумираат впечатоците од НБА драфтот, Демијан Лилард направи вистински бум на социјалните мрежи.
Кошаркарот на Портланд на својот „Инстаграм“ профил објави фотографија со Кевин Дурент, но она што привлече внимание е дресот кој го носеше Дурент. Беше облечен во боите на Портланд, доволно за да почнат шпекулациите дека во следната сезона заедно со Лилард ќе биде пеколен тандем за противниците.
Damian Lillard on his IG story. 👀 pic.twitter.com/Fa7iq8L9aT
— Legion Hoops (@LegionHoops) June 25, 2022
Со оглед на тоа дека не успеа проектот со Бруклин, кој имаше ѕвезди како Дурент, Ирвинг и Харден, многумина очекуваат дека првиот од тројцата играчи би можел да го напушти тимот, иако има договор до 2025/26 сезона.
Од друга страна пак Портланд за да го донесе Дурент ќе треба да се одрече од голем број на пикови на драфтот во следните години, па според многумина Лилард само сакал да се пошегува.
Но, никогаш не се знае, приказната само што почна.