Искусниот 32-годишен фудбалер во следната сезона се сели во МЛС-лигата, во следните денови треба да биде претставен како нов член на ЛАФЦ.
Герет Бејл до 30. јуни е играч на Реал Мадрид, одлучи да не чека многу кога станува збор за новата средина каде нема да заработува како претходно. Тој ќе игра за симболична сума.
See you soon, Los Angeles. 👊 @LAFC @LAFC3252 pic.twitter.com/GVP8WVWLPe
— Gareth Bale (@GarethBale11) June 25, 2022
Според тамошните медиуми за првата сезона од договорот ќе инкасира само милион долари, додека продолжувањето на соработката ќе зависи од неговиот настап во дресот на тимот од ЛА оваа сезона.
Многмина веруваат дека 32 годишниот фудбалер нема да остане, размислува да се пензионира.
Богатството на Бејл се проценува преку 130 милиони евра. За него парите не се важни, бидејќи се осигура до крајот на животот.