Медитеранските Игри во Оран, Алжир и официјално се отворени. Македонската експедиција брои 114 членови од кои 77 спортисти продефилираа на отварањето.
Дејан Георгиевски, еден од нашите најголемите адути за златен медал во таеквондо и каратистката Симона Заборка беа знаменосци на отворањето.
Македонија ќе се натпреварува во повеќе дисциплини, во екипни спортови: одбојка и ракомет (мажи и жени), додека ќе има претставници во таеквондо, џудо, карате, борење, пливање, стрелаштво, атлетика и мечување.