Ди Марија му кажал „ДА“ на Јувентус

260

Повеќе извори од Италија пренесуваат дека Јувентус е во финална фаза во преговорите за ангажман на аргентинскиот фудбалер Анхел ди Марија. 34-годишниот фудбалер кој е слободен играч по заминувањето од ПСЖ и седум години поминати на „Паркот на принцовите“ и беше поврзуван со Јувентус но и со Барселона.

Тој си зема време да размисли и одлучил да ја прифати понудата на Јувентус, пренесуваат „Газета дело Спорт“ и „Ла Стампа“. Според истите извори клубот од Торино работи на решавање на финални детали од договорот пред да биде објавен.
Ди Марија најверојатно ќе потпише на една сезона со можност да биде продолжена соработката за уште една. Аргентинскиот фудбалер постигна пет гола и запиша девет асистенции во 31 меч за ПСЖ минатата сезона.

ПретходноКога не им оди на напаѓачите – Голман даде гол со ножички за реми во 95 минута (видео)
СледноГРК Охрид го претстави тимот за новата сезона