Лука Дончиќ уште на стартот се појави на подготовките на Словенија за последните две средби од првата квалификациска фаза за пласман на Светското првенство 2023 година.
НБА ѕвездата се најде во составот на својата земја за пријателската средба со Италија и очекувано беше во центарот на вниманието. Дончиќ приреди вистинско шоу, неговите потези, особено асистенции се вистинска мајсторија.
Словенија славеше со убедливи 90-71, а Дончиќ беше стрелец на 12 поени, 7 скока и 5 асистенции.
Luka TAKING OVER while playing for Slovenia in a friendly vs. Italy 😤🔥
(via @swishcultures_)pic.twitter.com/SZ4QwnXXb6
— Bleacher Report (@BleacherReport) June 25, 2022
Словенците ги чекаат сериозни мечеви, против Хрватска на 30. јуни и против Шведска на гости на 3. јули.