Е.Пелистер 2 потпиша црногорски голман!

146

Голманот од Црна Гора, Василије Печурица е ново засилување на Е.Пелистер. 18-годишниот чувар на мрежата е голема надеж, тој ќе биде замена за Благојче Трајковски

Печурица пет месеци беше дел од тимот на Струга (претходно за Будуќност), по добрите партии веднаш се договори со вториот битолски тим, кој успеа да избори место во Европа. Тој настапува за јуниорската репрезентација на Црна Гора која се подготвува за настап на Европското првенство.

Александар Јовиќ подготовките за новата сезона ги закажа за 18. јули.

ПретходноОдамна немал ваква мала плата: Герет Бејл во МЛС-лига ќе игра за симболична сума!
СледноДончиќ шоу во дресот на Словенија, Италија без решение (ВИДЕО)