И братот на Погба направи трансфер… во индиски клуб!

191

Пол Погба, конечно, си замина од Манчестер Јунајтед и се врати во Јувентус, а и неговиот брат Флорентин Погба го промени клубот. За разлика од Пол, Флорентин се одлучи за егзотична авантура со тоа што потпиша договор со АТК Мохун Баган, клуб кој се натпреварува во индиската Супер лига. Договорот е на две години.

Флорентин досега играше за францускиот второлигаш Сошо, а претходно во Атланта Јунајтед, во турски Генчлербирлиги, Сент Етјен и Седан.

За разлика од неговиот помлад брат кој игра за Франција, Флорентин е репрезентативец на Гвинеја.

ПретходноRMC Sport: Нејмар решен да си оди од ПСЖ, познати се и причините…
СледноИма милиони, има освоени 25 трофеи, може да ужива…а тој чисти терени! (ФОТО)