Кога не им оди на напаѓачите – Голман даде гол со ножички за реми во 95 минута (видео)

1777

Потегот на денот доаѓа од Норвешка. Поточно во тамошната Трета лига и тоа на дуелот помеѓу Улерн и Сотра. Домашните водеа со 2:0 со головите во првото полувреме, а гостите се разбудија во вториот дел. Во 78 минута намалија, а моментот за одбележување се случи во петтата минута од судиското продолжение на времето.
Голманот Мортен Грасмо се најде во противничкиот шеснаесетник и со прекрасни ножички постигна гол за бод за својата екипа.

ПретходноИма милиони, има освоени 25 трофеи, може да ужива…а тој чисти терени! (ФОТО)
СледноДи Марија му кажал „ДА“ на Јувентус