„Лавовите“ ремизираа против косовски Лапи

313

Освојувачот на Купот, екипата на Македонија ЃП одигра нерешено 1:1 на денешниот втор тест-натпревар од делот на подготовките за новата сезона.

На стадионот во Кичево, „лавовите“ ремизираа против косовски Лапи во меч во кој и двата гола беа постигнати во завршницата. напрво гостите поведоа во 71. минута, за само 6 минути подоцна нашиот состав да возврати и да израмни на 1:1.

Единствениот гол за Македонија ЃП беше дело на младиот стопер Петар Обадиќ.

ПретходноНикола Ѓорѓев две години во Арау
СледноМИ 2022: Тесни порази на каратистите на првиот ден од натпреварите во борби