Лилард најави трансфер „бомба“ во НБА-лига?

387

Додека и натаму се сумираат впечатоците од НБА драфтот, Демијан Лилард направи вистински бум на социјалните мрежи.

Кошаркарот на Портланд на својот „Инстаграм“ профил објави фотографија со Кевин Дурент, но она што привлече внимание е дресот кој го носеше Дурент. Беше облечен во боите на Портланд, доволно за да почнат шпекулациите дека во следната сезона заедно со Лилард ќе биде пеколен тандем за противниците.

Со оглед на тоа дека не успеа проектот со Бруклин, кој имаше ѕвезди како Дурент, Ирвинг и Харден, многумина очекуваат дека првиот од тројцата играчи би можел да го напушти тимот, иако има договор до 2025/26 сезона.

Од друга страна пак Портланд за да го донесе Дурент ќе треба да се одрече од голем број на пикови на драфтот во следните години, па според многумина Лилард само сакал да се пошегува.

Но, никогаш не се знае, приказната само што почна.

ПретходноГеоргиевски и Заборска го развиорија македонското знаме во Оран (ВИДЕО)
СледноЈакимовски: Мора да почнеме од некаде, да градиме тим!