МИ 2022: Тесни порази на каратистите на првиот ден од натпреварите во борби

101

Македонските каратисти со пораз ги отворија настапите на Медитеранските игри во алжирски Оран. Денеска на татамите се појавија нашите први преставници во борби, но и покрај големата неизвесност во осминафиналните пресметки претрпевме два порази.

Во женска конкуренција Симона Заборска загуби на судиско прегласување од Тамара Живковиќ од Србија, откако мечот заврши нерешено со 3:3.

Во категоријата до 71 килограм во машка конкуренција, пораз и за Петар Заборски. Тој загуби на поени со 1:0 од хрватскиот репрезентативец Енес Гарибовиќ.

Претходно„Лавовите“ ремизираа против косовски Лапи
СледноУште еден играч на Ливерпул си заминува