Машката кошаркарска селекција на Македонија „до 20“ години, го одигра својот прв официјален контролен натпревар. Вечерва во Подгорица, подобра од нашата беше селецијата на Црна Гора која славеше победа од (80:69).
Нашите млади кошарки имаа добар почеток, и на истекот на првата четвртина имаа вишок од два поени (21:19). Но во продолжението на играта домашната селекција успеа да се стекне со предност, и на полувремето да води со солидни (43:36).
Во продолжението на играта доста поизедначено, макар што постојано ја бркавме негативата на Црногорците кои имаа слични (65:56) и по три одиграни четвртини.
Разлика која се покажа како недостижна за избраниот состав на Никола Василев, во кој Андреј Андоноски реализираше 18.поени (имаше и три скока), Петрушевски 12, а Данаиловски уште десет поени (и четири асистенции).
Двете селекции утре попалдне, од 17.шасот, на истото место, во Арената „Бемакс“, во Подгорица ќе го одиграат и вториот планиран натпревар.