Мурињо замената за Мхитарјан ја најде во Франција

341

Рома е уверена дека може да постигне договор за купување на Хусем Ауар од Олимпик Лион за 17 милиони евра.

Играчот од средниот ред ќе наполни 24 години следната недела и беше еден од најжешките играчи на трансфер пазарот пред само неколку години, кога го бараа Јувентус, Интер, Милан, Арсенал и разни клубови од Премиер лигата.

Сега тој е во последната сезона од неговиот договор со Лион и се верува дека бараната цена ќе се движи околу 25 милиони евра.

Локални медиуми во Рим пишуваат дела Рома е уверена дека наместо тоа може да склучи договор за 17 милиони евра, кој ќе биде сосема прифатлив за Французите. Францускиот репрезентативец би бил природен наследник на Хенрих Мхитарјан, кој замина како слободен агент во Интер.

ПретходноДилема на Милан – Асенсио или Зијеш?
СледноМладите надежи до 20 години поразени во Црна Гора