Како што денеска објавуваат медиумите во Италија, челниците на Наполи ја одредија цената за Виктор Осимен, еден од најдобрите напаѓачи во Серија А во минатата сезона.
Имено напаѓачот од Нигерија може да си оди, но клубот кој ќе го купи ќе мора да им плати на наполитанците 100 милиони евра.
Се наведува дека за неговите услуги најзаинтересирани биле два клуба од Премиер – лигата, и тоа Тотенхем и Њукасл.
Не е тајна дека Наполи има проблеми од финансиска природа, па така со продажбата на Осимен и Калиду Кулибали, клубот би застанал колку толку на здрави нозе.