Никола Ѓорѓев две години во Арау

479

Македонскиот интернационалец Никола Ѓорѓев го напушти Грасхоперс и сега како слободен фудбалер се пресели во Арау со кого потпиша двегодишен договор. Ѓорѓев се врати во овој клуб откако во сезоната 2017/18 беше на позјмица, а тогаш одигра 15 натпревари за швајцарскиот клуб. Исто така беше на позајмица и во Твенте и минатата сезона во Шафхаузен.
Арау се натпреварув во Втората швајцарска лига, а инаку е поранешен шампион и освојувач на Купот.
Ѓорѓев, кој е роден во Цирих, има одиграни пет натпревари за македонската репрезентација.

ПретходноШкендија немоќна против Динамо – убедлив пораз на тест-мечот во Словенија
Следно„Лавовите“ ремизираа против косовски Лапи