Одамна немал ваква мала плата: Герет Бејл во МЛС-лига ќе игра за симболична сума!

1273

Искусниот 32-годишен фудбалер во следната сезона се сели во МЛС-лигата, во следните денови треба да биде претставен како нов член на ЛАФЦ.

Герет Бејл до 30. јуни е играч на Реал Мадрид, одлучи да не чека многу кога станува збор за новата средина каде нема да заработува како претходно. Тој ќе игра за симболична сума.

Според тамошните медиуми за првата сезона од договорот ќе инкасира само милион долари, додека продолжувањето на соработката ќе зависи од неговиот настап во дресот на тимот од ЛА оваа сезона.

Многмина веруваат дека 32 годишниот фудбалер нема да остане, размислува да се пензионира.

Богатството на Бејл се проценува преку 130 милиони евра. За него парите не се важни, бидејќи се осигура до крајот на животот.

ПретходноЈакимовски: Мора да почнеме од некаде, да градиме тим!
СледноЕ.Пелистер 2 потпиша црногорски голман!