Машка сениорска репрезентација на Хрватска во ракомет на плажа ја освои титулата светски првак на Светското првенство кое заврши во Ираклион.
Хрватска во финалниот меч беше подобра од Данска со 2:0 во сетови (24-22, 21-18) и со тоа ја обезбеди третата светска титула и 30. медал за богатата колекција на хрватскиот ракомет на плажа.
По шест натпреварувачки дена и девет победи во девет одиграни натпревари, Лусијан Бура е прогласен за најдобро десно крило и најдобар стрелец на првенството.