Искусниот дефанзивец и досегашен член на тимот на Ренова, Џелил Абдула ќе го засили актуелниот ПМФЛ шампион, тимот на Шкупи.
Долгогодишниот играч на „Гипсарите“ по лошиот крај на овој клуб ова лето, преминува на Чаир и ќе биде уште едно од неколкуте засилувања за Шкупи кои пред себе имаа доста предизвици. Најпрво добро да се претстави во Европа летово, и да стигне што подалеку, а потоа секако да тргне и во одбрана на шампионската титула.
Абдула е дете на тетовка Шкендија, своевремено како младински репрезентатиец на Македонија замина во Холандија во тимот на Де Графшап, а потоа и во Дуизбург во Германија. Имаше краток излет и во Албанија во тимот на Лапи.