Дилема на Милан – Асенсио или Зијеш?

252

Италијанскиот шампион Милан мора да одбира помеѓу Хаким Зијеш од Челзи или Марко Асенсио од Реал Мадрид за да го засили офанзивниот дел од тимот. Според „Газета дело Спорт“, клубот планира да потроши 30 милиони евра за дефанзивец кој им е многу потребен, но исто така сака да го засили и нападот и да најде уште еден креативен играч од средниот ред.

Зијеш може да биде достапен како позајмен фудбалер со опција да биде откупен неговиот договор со Челзи од друга страна Асенсио влезе во последната сезона од договорот, а според шпански „АС“ Реал бара 40 милиони евра додека понудата на „росонерите“ е околу 30 милиони евра.

Асенсио е подобра варијанта за Милан кој игра на десната крилна позиција, додека на левата „Росонерите“ веќе го имаат квалитетниот Рафаел Леао.
Претходно Милан „извиси“ во трката по дефанзивецот Свен Ботман кој го одбра Њукасл.

ПретходноМанчестер Ј. ја крена понудата за Де Јонг на 80 милиони евра, Барса прифатила?
СледноМурињо замената за Мхитарјан ја најде во Франција