Македонските каратисти со пораз ги отворија настапите на Медитеранските игри во алжирски Оран. Денеска на татамите се појавија нашите први преставници во борби, но и покрај големата неизвесност во осминафиналните пресметки претрпевме два порази.
Во женска конкуренција Симона Заборска загуби на судиско прегласување од Тамара Живковиќ од Србија, откако мечот заврши нерешено со 3:3.
Во категоријата до 71 килограм во машка конкуренција, пораз и за Петар Заборски. Тој загуби на поени со 1:0 од хрватскиот репрезентативец Енес Гарибовиќ.