Хрватска по третпат е светски шампион во ракомет на плажа

118

Машка сениорска репрезентација на Хрватска во ракомет на плажа ја освои титулата светски првак на Светското првенство кое заврши во Ираклион.

Хрватска во финалниот меч беше подобра од Данска со 2:0 во сетови (24-22, 21-18) и со тоа ја обезбеди третата светска титула и 30. медал за богатата колекција на хрватскиот ракомет на плажа.

По шест натпреварувачки дена и девет победи во девет одиграни натпревари, Лусијан Бура е прогласен за најдобро десно крило и најдобар стрелец на првенството.

ПретходноМладите надежи до 20 години поразени во Црна Гора
СледноДенеска ќе биде позната судбината на Вардар, Михајловски ги отвара картите!