НБА драфтот заврши, а меѓу новите кошаркари е и Бенедикт Матурин, младиот Канаѓанец кој го избра Индијана. Тој беше шести пик на драфтот, веднаш по драфтот порача дека е „подобар од Леброн Џејмс“.
„Многумина велат дека Леброн е одличен, неверојатен и слично. А сакам самиот да го видам тоа. Сметам дека никој не е подобар од мене. Џејмс ќе мора да покаже дека е подобар од мене“, амбициозен е Матурин.
Тој до пред драфтот играше за Аризона Вајлдкетс и во текот на две сезони на колеџ просечно бележеше 14,8 поени и 5,3 скока по меч. Игра и како крило и бек.